Покана за учество на ученици на работилница од област на Архитектонски технологии

Почитувани,

Факултетот за Архитектура при МИТ Универзитет Скопје, во период од 12.05 до 16.05.2025 година, организира 5 дневна работилница за стручно усовршување од областа на Архитектонските технологии на тема: “Параметрички пристап при креирање на геометрични форми во архитектурата”.

Ова е работилница за дигитално моделирање на геометриска форма, со помош на софтверот Rhino 3D/Grasshopper. Целта на Работилницата е стекнување основни знаења и вештини за параметарско моделирање и разбирање на концептите на варијабилност, контрола и автоматизација во процесот на креирање геометрија. Преку овој начин на дигитално моделирање, Работилницата е насочена и кон стимулирање на креативното размислување и иновации кои можат да се применат во конкретни архитектонски проекти.

 

 

Работилницата се состои од пет дела:

  • Ден 1 – Воведен дел кој ќе биде даден на предавањата за параметаризација при создавање на архитектонска форма и основите на компјутерските програми Rhino/Grasshopper. На првиот час ќе се инсталираат овие програми.
  • Ден 2 – Параметриски 2D шаблон – Во првиот од трите часови, учениците ќе бидат водени чекор по чекор во создавањето на едноставна, но визуелно многу експресивна 2D шема.
  • Ден 3 – Просторни криви – Во оваа вежба основните математички знаења, поврзани со просторните криви, се интегрирани во параметарските системи на Грасхопер.
  • Ден 4 – Комбинација на 2Д обрасци и просторни кривини – Во овој дел студентите ќе ги комбинираат содржините од претходните два дела на работилницата, создавајќи параметаризиран, просторен геометриски состав.
  • Ден 5 – Изложба на добиените цртежи и проекти.

Оваа работилница е наменета за студенти, професионалци, дизајнери, архитекти и сите оние кои сакаат да научат повеќе за напредни архитектонски технологии.

Ментор на работилницата е вон. проф. д-р Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ, истакнат експерт од областа на БИМ системите, параметричко моделирање и архитектонски технологии.

Учесниците на оваа работилница ќе се стекнат со Сертификат и 2 ЕКТС кредити.

Учесниците кои ќе земат учество во работилицата да носат лаптоп со себе, како средство за работа низ целата 5 дневна обука и да имаат основни познавања од CAD компјутерско цртање, графички дизајн или photoshop.

Добиените проекти, цртежи и модели ќе бидат изложени на годишната изложба на МИТ Факултетот за архитектура како и на престојното Архитектонско Биенале.

 

 

Котизација*:

За студенти на МИТ Универзитет – 30 евра (во денарска против вредност)

За надворешни учесници – 60 евра (во денарска против вредност)

 

*во котизацијата се вклучени печатење на проекти и 3Д принтање на модели. Уплатата се извршува при пријавувањето.

– Назив и седиште на примач: МИТ Универзитет Скопје

– Трансакциска сметка на примач: 270064400290133

– Банка на примач: Halk Banka

 

За дополнителни информации и пријавување, на тел. 076465000 (доц. д-р Дамјан Балкоски), најдоцна до 10.05.2025 година.