Последната слободна површина во Малиот Ринг

Позади хотелот „Јадран“ во Скопје, во строгиот центар на градот, се припрема ново градилиште. Граѓаните се незадоволни бидејќи станува збор за последната зелена површина. На парцелата веќе е извршено оградувањето со табла за инвеститорот и објектот.

Како изведувач, според „Сакам да кажам“ се јавува фирмата „Сколимекс“ а одобрението за градба било издадено уште во 2017та година.

Површината за градба била предвидена во Деталниот урбанистички план за „Мал Ринг“ и неговите измени во 2012 година. Негодувањето на станарите од околината се од поодамна но не се земени в предвид.