Продолжен е рокот за пријавување на БИМАС 2018
05.07.2018 • Информации

Почитувани,
Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2018 ќе се одржи во периодот од 13 до 26 септември 2018 година во Музејот на град Скопје и на него ќе бидат изложени проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот, внатрешната архитектура и дизајнот. Право на учество на БИМАС 2018 имаат архитекти, државјани на Република Македонија, со завршен VII степен на образование и правни лица-фирми, коишто учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Македонија, со завршен VII степен на образование.
Пријавниот лист и упатството за подготовка на пријавата можат да се подигнат секој работен ден од 9:00 – 13:00 часот во канцеларијата на ААМ, на ул. Даме Груев 14а, Скопје или да се добијат по електронска пошта.
Продолжен е рокот за пријавување на трудовите до 13 јули 2018 г.
Асоцијација на архитекти на Македонија
Association of architects of Macedonia

Автор на статија: Filip Koneski