Продолжен е крајниот рок на повторениот меѓународен конкурс за Расадник

Општина Кисела Вода, го прифати барањето на дел од стручната јавност за продолжување на рокот за предавање на конкурсните трудови  на повторениот Меѓународен конкурс за Расадник.

Новиот датум за предавање на предлог решенијата е 29.09.2023  до 11:00 часот.

 

ПРЕДМЕТ, ЗАДАЧА  И ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

2.1 Предмет на конкурсот е изработка на идејно урбанистичко – архитектонско решение за градска четврт Ј 14 – Расадник, Скопје . 

2.2 Цел и задача на конкурсот:

Спроведувањето на Меѓународен конкурс покрај тоа што е продолжување на една заборавена  традицијата, истата е во  согласност со меѓународните стандарди како и со новите заложби на Општина Кисела Вода за унапредување на урбанистичкото планирање и водење сметка за јавниот интерес, во однос на околината, преку изнаоѓање на најдоброто решение  граѓаните,  сопствениците на земјиштето но и пошироката општествена јавност.

Меѓународниот конкурс треба да донесе нови идеи за што поквалитетно, одржливо урбанистичко-архитектонско уредување на овој простор, со кое ќе се обезбеди хумано, здраво живеење и заштита на животната средина.

Конкурс е исклучително комплексна урбанистичко-архитектонска задача, чија крајна цел е да се избере решение кое ќе биде основа за изработка на урбанистичка и проектна документација. Од конкурсот се очекува квалитетен придонес кој ќе биде на ниво на големите очекувања на сите заинтересирани чинители за кои овој проект е наменет. Накратко, станува збор за можност, на делумно напуштена индустриска локација, зона на неформална населба и неуредена површина на Расадник со исклучителни просторни, но и мемориски квалитети, да се осмисли решение за урбана станбена заедница со сите потребни пратечки содржини, втопена во зеленило, според највисоките урбанистичко-архитектонски стандарди, следејќи ги принципите на одржливост за избалансиран економски, социјален и еколошки развој.

Целта на Конкурсот е да се стимулира професионалната заедница да даде свој идеен допринос во обликувањето на еден од последните неуредени широки градски простори во Општина Кисела Вода, односно да придонесе во унапредување на урбанистичкото планирање преку водење сметка за јавниот интерес, преку изнаоѓање на најдоброто решение и за сопствениците и за останатите жители / корисници на просторот.

Конкурсната документација можете да ја симнете тука >>>