Регулација на Кејот на Вардар / Влчевски

Автор: Рафаил Влчевски

Година: 1967

По големата поплава во 1962 година на Вардар во Скопје и катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во новите размисли за градот, се пристапува кон идејата за регулација на реката во рамките на урбаното ткиво на Скопје.

 

 

По донесените урбанистички планови, следело разработка на проектите од различните сегменти на Новото Скопје, меѓу кои и проектот за контрола на речното корито. Проектот своевремено се сметал за еден од најголемите инфраструктурни зафати во републиката, опфаќајќи 14 км должина од Ново Лисиче до Хром.

 

 

Проектот е дело на архитектот и урбанист Рафаил Влчевски, кој неодамна почина. Повеќе за неговото дело можете да прочитате тука >>>