Презентирани резултатите од меѓународниот конкурс за РАСАДНИК

Во просториите на Културниот дом „ Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, во 12 часот беа презентирани резултатите од Меѓународниот конкурс за Расадник.

На презентацијата воведен збор даде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и претседателот на жири комисијата, деканот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, професорот д-р Огнен Марина.

 

 

Низ образложение, беа спомнати сите чинители, важноста од вклучувањето на образовните институции и организациите во создавањето на овој конкурс, како и соопштувањето на резултатите од меѓународниот конкурс.

 

 

За жал, можеме да констатираме дека беа пристигнати единствено 5 проекти, што говори за изгубената доверба во конкурсите во Македонија од страна на домашната професионална јавност.

Како платформа и медиум, од каде започна иницијативата за спас на Расадник од домашниот несовесен урбанизам, место од каде започна идејата за меѓународен конкурс, искрено жалиме за ваквиот исход и неразбраната единствена можност да се придонесе кон промените на домашната архитекотонско урбанистичка сцена.

 

 

Покрај 5те пристигнати решенија, беа презентирани и студентските трудови од Архитектонскиот факултет при Уким, како и проектите од Политехно, Италија.

Доделени се рамноправни две први награди, една трета награда и еден откуп. Добитници на првата награда  се Студиото AG PLANUM  doo од Хрватска и тимот од Грција на чело со Алексиос Цомпанакис.

 

AG PLANUM / Хрватска

Алексиос Цомпанакис со тимот / Грција

 

Третото  место го освои тимот PUPA, Life over space, од Литванија во чив состав учество зема и Христина Секулоска од Македонија, која веќе бележи повеќе награди на меѓународните конкурси во регионот.

 

PUPA, Life over space / Литванија и Македонија

 

По презентираните резултати следеа новинарски прашања и одговори по кои градоначалникот имаше можност да ги чуе клучните финеси при изборот на победниците од страна на претседателот на жири комисијата.

 

 

Кисела Вода, како општина покажа дека може поинаку. Го слушна гласот на добронамерната критика, отпорот на дел од професијата, стручната фела и граѓаните , правејќи смел чекор во стопирањето на урбанистичките желботеки од страна на бизнис елитата.  Овој конкурс по многу нешта е промена на домашната матрица, бидејќи од меѓународниот конкурс за Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963та година, по повеќе од половина век се организира повторно ваков конкурс во Македонија. Резултатите за истиот беа соопштени на јавна презентација со изложба, во која беше презентиран и доприносот на идните колеги – студентите.

 

 

Се надеваме дека овој пример ќе го следат и останатите општини и ќе ја разберат важноста од транспарентноста на овие процеси, многукратните придобивки за јавноста.

 

За Кисела Вода останува уште многу работа, а тоа е преточување на добитничките решенија во Детален урбанистички план следната година и успешно менаџирање со приватните сопственици на дел од парцелите.

Но, првиот и најважен чекор е направен – пробиен е мразот. Честитки!


 

ПРВО МЕСТО:
AG PLANUM doo, Хрватска
Marko Cvjetko, mag.ing.arch
Miron Hržina, mag.ing.arch
Ivica Keršić, mag.ing.arch
Dunja Sloković,mag.ing.arch
Elena Tikvić,mag.ing.arch
ГЛАВЕН АРХИТЕКТ
Alexios Tzompanakis, Грција
ТИМ
Angeliki Benioudaki, architect
Diamantaki Maria
Goula Marianna
Klouvidaki Emmanouela
Kokouva Athina
Krystalogianni Eleni
Ouranou Argyro
Palaiologos Georgios
ТРЕТО МЕСТО:
“Team PUPA, Life over space”, Литванија
Tadas Jonauskis
Justina Muliuolyte
Lukas Kulikauskas
Hristina Sekuloska
Jurate Volkavičute”
ОТКУП:
“Меѓународен Балкански Универзитет”, Македонија
Prof. Dr. Aleksandar Andovski
Asst. Prof. Dr. Marija M. Janakieska
Asst. MSC Nadica Angova Kolevska
Fatih Seifulla
Sadik Saipi
Esra Aliti
Edi Ademi
Samir Bekteshi
Arman Kacaniku
Abdul Kerim Sejfulla
Cenisa Telak
Revajet Abdirrahmani
Belkize Osmani
Andrej Proshevski
Angelina Stojkovska
Asrit Limani