“SEDC Business simulator” /KULT DESIGN 2015
21.10.2015 • Ентериер и мебел
ПРОЕКТ ЗА ВНЕТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРИИ “SEDC BUSINESS SIMULATOR”
Тип: Офис за бизнис симулатор
Површина: 60м2
Година: Септември, 2015
Фирма: Култ дизајн- Скопје
Автори: Дафина Ѓоковиќ и Мартина Тенекеџиева
Локација: Скопје
Нарачател: SEAVUS Education & Development Center
Проектот се состои од потребата да се направи офис просторза Бизнис Симулаторорт на фирмата СЕАВУС. Барањето се состоеше од неколку премиси: просторот да биде по терк на новите трендови, да има опуштена и неформална атмосфера со простор за релаксирање и најважно од се – да биде повеќенаменска.
Пристапот на почетокот беше да се видат функционалните потреби што ќе треба да ги содржи просторот. Според тоа, потребни беа работни места за 12 лица кои ке употребуваат лаптоп како алатка за работа, место за вршење презентации на проектор (по потреба), простор за релаксација кој ке биде лесно поместлив, простор по потреба за одржување на конференциски состаноци.
Сите тие нешта беа решени соодветно користејќи ја идејата за модуларен мебел. Поточно, масите/бироата кои беа дизајнирани беа со двојна намена: првата потреба е да ги опслужуваат учесниците во проектот, а другата да може со спојување на истите да се направи конференциска маса за опслужување на 14 лица.
Масите се дизајнирани со форма која е архитектонски дериват од логото на фирмата нарачател, изработена од медијапан пластифициран со ламинатна матирана фолија и абс кант. Ногарите на масата се два типа- едниот тип е изработен од челичен флах, а другиот тип со атачирано тркалце е од челичен светло влечен полн цевкаст профил. Фарбани се електростатски со бои според РАЛ карта.
Табуретките се дел од ‘lounge” просторот, но и тие се замислени како подвижен дел од мебелот кој се поместува по потреба.
Во делот за релаксација ѕидот е обложен со ламинат- дезен храст.
Светлите отвори кои се позиционирани кон внатрешниот ходник се обложени со самолеплива фолија со дизајн соодветен на идејата и колоритот на просторот.
Постојната вентилациона линија на плафонот поради техничката неможност да се градежно интервенира, ја обоивме со црна акрилна боја и ја искористивме за решавање на дополнителна звучна изолација со помош на ‘Cleaneo” гипс плочи на Кнауф и Лед панелно осветлување соодветно закачено на сајли и вградено каде има потреба. Идејата за изгледот на звучно изолационите плочи и панелните спуштени светла е да тие претставуваат дигитални облаци инкорпорирани со интензивните бои во просторот и колоритниот поден ефект со теписон, како би презентирале една атмосфера на новото дигитално доба.
Проектот содржи и соодветни комоди според принципот на модуларно решавање, но инветиторот нахнадно ќе ги изведува.
Сето ова требаше да се осмисли без големи градежни интервенции во просторот.
Автор на статија: marh