„СЕГА “- македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција
20.05.2021 • XXI век
Конструкција, материјализација и дизајн: Бекир Адеми / БИНА
Логистика: Енис Абовски, Амине Адеми, Атанас Наумовски.
Аудио инсталација: Владимир Лукаш.
Текст: Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Бекир Адеми.
Графика: Ивана Чалоска, Енес Север.
Учесници: Бекир Адеми, Ана Рафаиловска, Ивана Чалоска, Јордан Шишовски, Енис Абовски, Енес Север, Амине Адеми, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Аида Салиху, Дрен Невзати, Елмедина Хасани, Нита Чаволи.
Од каталогот / стр. 12
„Сега“ на бирото за проектирање БИНА [биро за инвентивна архитектура] е претставник на С. Македонија на 17. Биенале на архитектура во Венеција (22 Mај – 21 Nоември) кое ќе биде свечено отворено на 20 Мај со почеток во 10.00 часот во дворот на “Palazzo Zorzi” – седиштето на UNESCO во Венеција. Куратор на 17. издание на Биеналето е Хашим Саркис, архитект и експерт на Универзитетот МИТ во САД со носечка тема „Како ќе живееме заедно?“.
Македонскиот дел од изложбата е дело на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на истата.
Адеми на локација во Венеција
Ко-куратор е Јордан Шишовски, Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија, додека покровител на изложбата е Министерството за култура на Република С. Македонија.
Проектот „СЕГА“ е симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината.
Инсталацијата на првото доживување е интровертна и питома, потоа прераснува во една широка купола, каде интеракцијата и пресекот помеѓу архепитизирана рамка-куќа со подвижна сфера суштински ја генерираат формата, создавајќи чувство на споделена хармонија и стабилност кај посетителите.
Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи сите со различни димензии меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура.
Од процесот на монтирање на инсталацијата во Венеција
Намерата да се генерира прецизна микроструктура со динамична порозност, а со тоа и да се промовираат универзалните вредности произлезени од целиот процес на развивање на концептот доведе до големо искушение и ризик околу реалната реализација на инсталацијата со што дополнително се зголеми предизвикот и желбата за достоинствен одговор на зададената тема. Наравоучението од овој процес несомнено беше надминувањето на инженерските навики кои би резултирале со отварање на нови хоризонти во инжинерството и архитектонски замисленото.
“Флуктуацијата на општествените чинители чија аспирација е заеднички живот, надминувајќи кохабитациски разлики без да ja дезинтегрираат индивидуалнaта сфера, е вистински предизвик сега. Процесот на самосвесност може да се развие во две насоки – кон човечките микрочинители или кон структурите од човекот направени” пишува во каталогот за проектот.
Together
Да се одговори на прашањеto “How will we live together?” несомнено ги надминува човечките можности за тоа како мислата да се претвори во форма која ќе ги интегрира специфичните податоци за случувањата во широки размери во синтеза со нова едноставна и прифатлива тектоника. Работењето како мултидисциплинарен архитект во држава со богато и бурно архитектонско минато, но со еднакво бурна и загрижувачка сегашност, создаде основа и можност за “одеднаш” зацртување можни сценарија на изнаоѓање потенцијален одговор за карактерот на Павилјонот, следствено и на прашањето.
The Process
Преку идејни скици анализи и цртежи за павилјонот толкувани преку призмата на културолошката матрица на нашата мултиетничка заедница, кои со секое консултативно образложение и презентација на концептот беа прифатени со изрази и реакции достојни на луѓе кои негуваат искреност во заедничкото живеење.
Инсталацијата на првото доживување е интровертна и питома, потоа прераснува во една друга атмосфера, каде интеракцијата и пресекот помеѓу архепитизирана рамка-куќа со подвижна сфера суштински ја генерираат формата, создавајќи чувство на споделена хармонија и стабилност кај посетителите.
Интенцијата да се генерира прецизна микроструктура со динамична порозност, а со тоа и да се промовираат универзалните вредности произлезени од целиот процес на развивање на концептот доведе до големо искушение и ризик околу реалната реализација на инсталацијата. Наравоучението од овој процес несомнено беше надминувањето на инженерските навики кои би резултирале со отварање на нови хоризонти во инжинерството и архитектонското замислено со цел најдостоинствено претставување на нашата држава во меѓународната сцена.
Каталогот за проектот „СЕГА“
The Detail
Изборот на дрвото како едноставен структурен материјал е одржлив но механички променлив, затоа дава и простор за грешка особено кога се работи за прецизна целина составена од стотици парчиња милиметарски различни димензии на дрвени елементи споени илјадници различни точки. Во крајната фаза на дефинирање на конечните детали, алките добиени од едноставни исечоци на челични профили на секои 4 см како најдолна можна граница на димензионираност ја презедоа улогата на просторното укрутување на инсталацијата, создавајќи променливи шеми (patterns), порозност и механички баланс на структурата.
Со финално додадените огледалца на челата на дрвените елементи во плафонот, посетителите не само што се наоѓаат себеси во тој свет туку се пронаоѓаат и меѓусебно.
Автор на статија: Filip Koneski
Бекир Адеми / Биенале Венеција 2021 / БИНА / Македонски претставник