SHARE Skopje 2017

Драги колеги ,

Асоцијацијата на архитекти на Македонија-ААМ има задоволство да ве покани на Интернационалниот форум за архитектура и инженерство SHARE Skopje 2017.

Настанот е во организација на Pro Event Cultural Association и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Форумот ќе се одржи на 5 септември 2017 во Хотелот Мериот во Скопје.

За разлика од другите вакви настани, овој настан има мултинационален пристап. На форумот ќе земат учество и Асоцијацијата на Архитекти на Р.Албанија, Асоцијацијата на Архитекти Косово, како и Комората на архитекти на Р.Бугарија. Со ова се надеваме дека ќе ги зајакнеме врските и соработката помеѓу архитектите во Европа.

 Презентациите во програмата се фокусирани на употребата на иновативни материјали и револуционерни технологии и системи.

На форумот ќе имате можност да се сретнете со одбрана публика составена од архитекти, претставници од научни и стручни установи, инженери и претприемачи од повеќе држави.

Извор: AAM