Шарена Џамија _Тетово/ 1495 година

Извор: Општина Тетово, Википедија

Изградена: 1495 год.

Обновена: 1833/44 год.

Ктитор: Абдурахман Паша

Градители: мијачките тајфи

 

Шарената џамија била изградена во 1495 година. Споменикот претставува репрезентативен примерок  од исламската верска архитектура и уникатна уметничка реализација, со специфична надворешна и внатрешна фреско декорација.

 

tetovo-old_1

 

Векови наназад овој објект ја чува неговата верска, воспитно-образовна и културна функција. Објектот е специфичен и се одликува со големи уметнички дела и градежни импровизации.

 

tetovo-old_15

 

Неговата композициска шема се состои од сала за молитва, хајат, минаре, турбе, чешма со знаци, гробови, итн. Тие се опкружени со ѕид, покриен со ќерамиди, кој има отвори-мукаби. Главниот влез во дворот на џамијата е на запад , но постојат уште два влеза- едниот на југоисток и другиот на северна страна.

 

732d8d5d-98ec_A._painted_mosque

 

Денешната архитектонска форма и естетика се направени во првата половина на XIXвек (1833/44година) под ктиторство на  Абдурахман Паша. Објектот е ремек дело на мијачките тајфи, градители и зографи.

 

„Tetovo Bunte Moschee“ од Vaurien. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата - httpscommons.wikimedia.orgwikiFileTetovo_Bunte_Moschee.jpg#mediaFileTetovo_Bunte_Moschee

 

Шарената Џамија  во основа е квадратна. Молитвената сала има соодветна големина, покриена со кубе,а се осветлува со триесет прозорци, 15 во долниот и 15 во горниот дел.

 

34162a6a-3513_1383921_564589443590751_2059327659_n

 

Декорацијата на ентериерот и на ѕидовите на екстериерот отсликуваат низа геометриски мотиви како и мотиви од флората, истата е со инзворедни вредности.

 

41ca3de2-27f6_painted_moski_trip3

Надворешните страни, столбните декорации, внатрешните ѕидови, балконите, мирхаби и кубето се декорирани во секо техника.

 

9438ac26-eb09_Mosque2

Tetovo Colored or Painted Mosque Aladzha or Sharena Dzamija Detail од Ggia — сопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата - httpscommonswikimedia.orgwikiFile20090714_Tetovo_Colored_or_P

 

На источната, западната и јужната страна од објектот во четири реда има пано декорирано со колоритна програма.

 

80164a81-dce5_1471358_594166230633072_1778387616_n

 

Внатрешноста на паноата е декорирана со круг чија внатрешност е во мотив на ѕвезда со 16 крака, кои се делат меѓу себе со лента, додека третиот дел од внатрешноста е покриен со мотиви на баклава. Во северниот дел на објектот е применета  посложена програма на декорација.

a7b599f6-da5e_painted_moski_trip

 

Во деловите од надворешните столбови има декорации каде се присутни мотиви на цвеќиња и  лисја.

Турбето како составен дел од овој комплекс е карактеристичен пример на монумент, поставен над гробот од XVI век. Тоа е од видот на отворено турбе,  со хармонични параметри, надополнувајќи го амбиентот на комплексот.

 

37e5bb8c-3fd3_painted_moski_trip2

Објектот многумина го сместуваат во стилот на османлиски барок. Истиот е под заштита и претставува најзначajното зачувано остварување на исламски верски објект на територијата на Македонија.

 

tetovo-old_11

Автор на статија: