Што се случува со Урбан парк во Скопје?
15.06.2022 • Информации
Во изминатиов период се случи постепено оградување на Урбан парк во Скопје. Во овој дел од градот ова е единствена зелена површина на која опстојуваат повеќедециниски дрва.
Паркот во 2014 ( Google maps – street view)
Набљудувајќи го мега проектот на Лимак каде јавното зеленило не е примат и каде се дозволи културното наследство да биде деградирано и разрушено (Старата Железничка Станица) граѓаните оправдано стравуваат за иднината на ова парче зеленило.
Според страната на катастарот се издвојува Република Македонија како носител на правото, меѓутоа целата парцела е раздвоена во многу делови со различни типови на намени.
Од тоа што може да се види на терен, во моментов служи како простор за одложување на градежни материјали. Но што навистина се случува со паркот останува надлежните да појаснат?!
Автор на статија: Filip Koneski