Скопје, одново | Skopje Resurgent

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ
Отворање: понеделник, 18 ноември 2019 во 20 ч.
Изложбата ќе биде отворена од 18.11.2019 до 18.02.2020 година

„Скопје одново“ во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција, со посебен фокус на американските автори и авторки. Во рамките на постановката ќе бидат изложени повеќе од сто дела, но и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите. Преку исклучителна отвореност и колаборативно работење, колекцијата и програмата на МСУ-Скопје во 60тите, 70тите и 80тите сведочи за едно радикално космополитско и мултикултурно наследство на социјалистичка југоисточна Европа.

„Скопје, одново“ ќе понуди и отворена јавна програма која преку филмски проекции, работилници, предавања и водења низ изложбата ќе ги претстави и различните аспекти на изложените дела и архиви.

Изложбата „Скопје, одново“ во Скопје е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Кураторки на изложбата се Ана Кац и Кумјана Новакова.
Јавната програма се развива во соработка со Кара Мејнс, програмата за уметничка критика со Кет Хариман.

Визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев.
Дизајнот на изложбата е на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков.

Конзерватори соработници на проектот се Ема Петрова и Љупчо Иљовски.
Повеќе за изложбата на www.msu.mk.

извор >>>