С.О.У„Кирил и Методиј”-Неготино/ Стефановски, Кик
15.03.2015 • ХХ век / II половина
Поранешно централно училиште за средно образование “Јосип Броз Тито”
Локација: Неготино
Автори: Јован Стефановски-Жан и Лилјана Кик
Година на проектирање: 1988
Година на изведба: 1991/92
Проектна организација: “Гранит -Проект”
Инвеститор: Ц.У.С.О „ Jосип Броз Тито”
Изведувач: ГП „ Гранит” ЕЕ Градилиште – Неготино
Извор: Бимас 1993
Фотографии: Филип Конески
На десната страна на главниот пристап во Неготино, како I-ва фаза е изградено Централно училиште за средно образование со капацитет од 1600 ученици. Во овој комплекс, во II-та фаза се предвидува да се градат: фискултурна сала со сите придружни простории, интернат за ученици, кујна и ресторан за исхрана.
Теренот е во наклон од 15% и конфигурацијата заедно со ориентацијата го диктираат распоредот на објектите и просториите во училиштето, решавајќи го во систем од поврзани и издолжени трактови.
Главната комуникација на учениците е низ широка пешачка улица, која води од самиот влез во училишниот двор, минувајќи помеѓу трактовите од училиштето, преку свечената аула и пробива низ него, понатаму го тангира форумот и ресторанот и завршува до интернатот.
Објектот е современо третиран, со употреба на традиционални архитектонски елементи од регионален карактер, со чисти и едноставни форми произлезени од внатрешната содржина. Материјалот е стандарден и традиционален.
објавата е дополнета на 05.04.2019
Автор на статија: marh