Современи зоолошки градини
12.06.2026 • Информации Истражување
Архитектурата на зоолошките градини е комлексна метерија која може да се анализира од неколку аспекти. Од една страна ги имаме живеалиштата на животните и условите за обезбедување на благосостојба, од друга страна го имаме едукативниот и рекреативниот дел наменет за посетителите, како и установите за негувателите. Дополнително живеалиштата може да се анлизираат според: визулениот пристап и приватноста на животните, бариерата помеѓу наблљудувачите, мешовитоста и бројноста на видовите во живелиштето, хортикултурното уредување, простори за одморање и спиење, елементи кои ги збогатуваат средините за физичко и ментално здравје и многу други сегменти.
Специфичната комплексност на зоолошката доаѓа од разновидноста на видовите и задоволување на нивните физички и ментални потреби. За секој еден вид постојат мноштво на стандарди пропишани според меѓународни организации кои мора да се следат доколку една зоолошка сака да стане нивен член. Имајќи го предвид ова, ќе ги анализираме елементите во просторното уредување без да навлагаме во фукнционаланоста на зоолошките и потребите на специфични животни, но ќе се служиме со примери од истите.
Статијата се надоврзува на претходна статија каде се разгледува историјата на зоолошките градини.
Пример од природно интегрирање на просторот во Даблин зоо, Ирска / извор: Dublin Zoo
Архитектурата за благосостојба на животните
Зоолошките градини не можат во целост да им обезбедат „природен“ живот на жителите, но може да ги митигираат проблемите на ограничениот простор така што ќе ги следат минималните димензии и опремата за секој специфичен вид.
Современите регулативи наметнуваат дизајн каде големината и длабочината на живеалиштата го надминуваат пропишаниот минимум за да им овозможат на животните слободно движење, социјализација и неопходна приватност.
Негативен приемр на живеалишта кои не овозможуваат благосостојба на животните / извор: National Geographic
ЕАЗА – Европска Асоцијација на Зоолошки и Аквариуми, (во која Скопската зоолошка сака да стане членка) нема пропишани стандарди кога е во прашање големината на живеалиштата, но Централниот Зоолошки Авотритет во Индија има строги критериуми колку е минимумот за специфични живеалишта. На пример на еден пар Тигри или Лавови потреби се минимум 1000 квадратни метри простор, и дополнителни 200 квадратни метри за секој дополнителен член.
Но, двете оргнизации се сложуваат дека живеалиштата мора да обезбедат простор кој го поддржува најширокиот можен репертоар на природни однесувања, спречува социјална доминација и конфликти преку воспоставување на наменски зони за сепарација и визуелни бариери, кои му даваат на животното слободен избор каде ќе престојува (денес и ноќе, внатре или надвор), вклучувајќи ја и можноста да се сокрие од погледот на посетителите.
Пример од простори за задскривање (десно), слобода за повлекување во внатрешниот дел од живеалиштето (лево – горе) , и интерна бариера за поделба (лево – долу) / извор: Rotterdam Zoo(лево) и WGNNews(десно)
Контролата на просторот преку регулација на климата, светлината и температурата е од есенцијално значење за сите животни и претставува еден од столбовите на модерната архитектура за благосостојба. Наместо пасивни градби, современите живеалишта функционираат како комплексни биоклиматски системи кои имаат задача динамично да ги реплицираат атмосферските и еколошките услови на природните хабитати.
На пример, ноктурналните животни често се сместуваат во објекти со обратен циклус на светло и темнина; односно, во текот на денот се вклучуваат само придушени бели или црвени светла за животните да бидат активни за време на посетите, додека силните светла се палат ноќе кога тие спијат.
На сличен начин, преку ваквиот архитектонски инженеринг се создаваат и специјални, изолирани климатски услови за животни кои потекнуваат од екстремни средини, како што се поларните куполи наменети за пингвините, каде постојано се одржуваат ниски температури и специфично ниво на замрзнување на водата.
Живеалиште за ноктурното животно Галаго (десно) и систем за ладење скриен во просторот (десно) / извор: London zoo(десно) и Arctic(лево)
Физичко и ментално здравје
Бихевиоралното збогатување на живеалиштата треба да опфаќа широк спектар на активности и елементи кои ја стимулираат физичката и менталната активност на животните, вклучувајќи сензорно збогатување (допир, мириси, вкусови, визуелни и звучни стимули), воведување нови предмети и храна, поттикнување природни начини на исхрана како пребарување и пронаоѓање храна, когнитивни предизвици, како загатки и тренинг, како и социјални активности и можности за интеракција и размножување.
За животните што живеат на дрвја (арбореални животни), важно е да им се даде можност да се качуваат. Ова може да се постигне со поставување вистински дрвја и растенија во заградениот простор и/или структури за качување и јажиња. Структурите за качување се корисни и овозможуваат сложени дизајни, но сепак, тие се цврсти конструкции, па затоа можат да го направат качувањето премногу лесно за овие животни. Употребата на јажиња ќе ја направи структурата за качување многу поинтересна, а самото качување малку потешко, што воедно е подобро за физичка активност.
Живеалиште богато со бихевиорлано збогатување / изовр: Carl Stahl
Видливост, безбедност и бариера
Kога збориме за набљудување, посетителите треба да имаат слободен и бзебеден простор за надзор, додека животното треба да има индивидуал задскриен простор за одмор и приватност. Дополнително, животното треба да е блиску до видикот и пристапот до негувателите.
Дизајнот мора да вклучува практични карактеристики за управување, како што се спречување бегство, капацитети за безбедно фаќање и ограничување на движењето, простори за размножување и здравствена заштита, контроли на хигиената, итн,
Различни примери од бариери на живеалиштата / извор: Colchester Zoo
Слободно набљудување и едукација на посетителите
Едукативното искуство на посетителите се подредени на примарната цел, елиминирање на стресот и стимулирање на позитивна благосостојба кај животните. Додека на посетителите треба да им се обезбеди пристап за набљудување, тоа не треба да биде на сметка на благосостојбата на животното. Затоа се применува имерзивниот дизајн, преку кој границата помеѓу живеалиштето на животното и просторот за посетители намерно се замаглува.
Тоа може да се постигне така што просторот за посетители визуелно се обликува на ист начин како и живеалиштето на животните, преку слична вегетација, тематско уредување и пејзажно обликување. Во одредени случаи се користат и звуци и мириси за да се создаде повеќесетилно (мултисензорно) искуство, со што посетителите добиваат чувство дека се дел од истата средина во која живеат животните.
Пример на имерсивен дизајн на просторот за посетителите со живеалиштата / извор: Arch Daily
Зоолошките градини имаат единствена можност да ја подигнат свеста за предизвиците со кои се соочуваат животните во природата, истовремено придонесувајќи кон подобро разбирање и поголема почит кон природниот свет. Преку информативни табли, уметнички инсталации и интерактивни содржини, посетителите се запознаваат не само со животните, туку и со нивните природни хабитати и заканите со кои се соочуваат во дивината.
Информативна табла во Зоо Скопје / Извор: Радио МОФ
Просториите за негувателите
За да се обезбеди здравјето на животните и правилното одржување на живеалиштата, архитектонскиот дизајн мора подеднакво да ги земе предвид потребите и на персоналот кој секојдневно се грижи за животните. Просторот треба да овозможи безбедна работа со минимален ризик од повреди, како и сигурни системи што ќе спречат бегство на животните или неовластен пристап во живеалиштето. Истовремено, негувателите мора да имаат јасен преглед врз животните за редовно следење на нивната здравствена состојба, пребројување и по потреба брзо и безбедно раздвојување на поединечни единки.
Покрај безбедноста, современите живеалишта мора да располагаат со функционална инфраструктура за секојдневно управување и одржување. Тоа подразбира лесен пристап до сите делови на живеалиштето за чистење и сервисирање, доволно простор за складирање на алат, храна, подлоги за спиење и елементи за збогатување на средината, како и посебни простории за подготовка на храна и организирање активности за збогатување на однесувањето.
Простори за негуватели / Извор: Colchester Zoo (десно) и Toronto Zoo(лево)
Етички предизвици и ограничувања
И покрај значителниот напредок во архитектурата и благосостојбата на животните, современите зоолошки градини продолжуваат да се соочуваат со низа етички и практични ограничувања. Просторот секогаш претставува ограничен ресурс, а одржувањето на здрави и генетски разновидни популации бара постојана соработка помеѓу институциите. Поради тоа, животните редовно се преместуваат меѓу различни зоолошки градини во рамките на меѓународни програми за зачувување на видовите.
Денес, ловењето животни од дивината или нивното купување за зоолошки во најголем дел се смета за неетичка практика и е заменето со контролирани програми за размножување, иако во одредени случаи размената на животни може да има и политичка димензија, како што е примерот со т.н. „панда дипломатија“.
За разлика од напредокот во надворешниот дел на живеалиштата на животните, пред се поради тоа што е достепен за посетителите и со тоа подлежи на нивни реакции, внатрешните простории каде што живеат животните се немаат драстично променето
Нови лавчиња во скопската зоолошка / извор: Сакам да кажам
Ограничениот простор и успешното размножување на животните создаваат дополнителни предизвици во управувањето со популациите. За да се избегне пренатрупаност и да се зачува благосостојбата на животните, зоолошките градини применуваат различни мерки како преместување на единки, контрола на репродукцијата преку контрацепција и формирање на нови групи во други институции.
Во исклучителни случаи, кога не постои соодветно решение за сместување, се применува и евтаназија, практика која предизвикува значајни јавни и стручни дебати.
Дополнително, зоолошките градини се особено чувствителни на надворешни кризи, како пандемии или економски потреси, бидејќи намалувањето на бројот на посетители директно влијае врз финансиските ресурси потребни за одржување на високите стандарди за грижа и благосостојба на животните.
Убиен слон во зоолошката во Токијо поради воените услови / извор: evst
Објавата ја подготви: Дарко Милошевски (соработник на МАРХ)
Извори:
- European Association of Zoos and Aquaria. (2024). EAZA Standards for Welfare, Accommodation and Management of Animals in Zoos and Aquariums. Amsterdam: EAZA.
- Colchester Zoological Society. (2024). Enclosure Design: Information Pack.
- Central Zoo Authority. (n.d.). Guidelines on minimum dimension of enclosures for housing animals of different species in Zoos. Ministry of Environment, Forest and Climate Change, Government of India.
- King, B. J. (2015, October 14). Why do European zoos kill healthy animals? NPR.
Автор на статија: Sorabotnik

























