Space Installation / Христина Секулоска и Ирена Милојеска

Изложено на: Paratissima Skopje / специјална награда

Автори: Христина Секулоска и Ирена Милојеска

Година: 2016

Основната идеја за инсталацијата произлезе од проектот Templum Aeternum  кој го работевме во тим за интернационален натпревар во март, каде имавме 120 часа да развиеме концепт за куќа која нема локација, ниту програма, а воедно е критика за инволвираноста на политиката во архитектурата.

templum aeternum 1

Нашиот став беше дека штом нема локација ниту програма, локацијата и програмата не постојат, па според тоа не може да се земе во предвид ниту едно постојано место затоа што со самиот избор на тоа место тоа станува локација на која автоматски се гради програма. Поради тоа што локацијата и програмата не постојат ‘изградивме’ куќа која не постои.

templum aeternum 2

Како одговор на политичкото влијание, кое од  секогаш постоело и секогаш ќе постои во архитектурата, единствениот начин да се спротивставиме на тоа влијание е ако целосно ги прекинеме сите врски со него. Куќата што не постои го исполнува тој услов – со своето не постоење, политиката и економијата не можат на влијаат на илузија.

IMG_6562

Дом е секое место каде што постои човекот. Ако на тоа место нема човек, тоа не е дом. Што значи дека секое место каде човекот стапнува, ако тој одлучи тоа да биде негов дом, тоа станува негов дом. Секаде каде што човекот ќе стапне и започне да го гради со фантазија, идеал и чувства, се формира куќа која не постои, нема локација, нема програма, нема влијание од политика.

IMG_6563

Правилата наметнати од општеството се тие кои ја делат и ставаат цена на секое парче земја за кое никој не им дал никаква сопственост. Земјата е сопственост на секој човек што постои, па според тоа човекот може да гради каде сака. Па и повеќе луѓе на овој начин можат да градат на исто парче земја затоа што имаат еднакво право на  истото.

DSC_0005

Секој човек може да гради каде сака, кога сака и како сака и никаква политичка власт нема никаков начин да го возвиши или уништи тоа. Пресечени се сите врски. Нема локација, нема програма.

Со оваа инсталација сакавме да пробаме да го фатиме тој невидлив простор на човечката имагинација околу кој просторот се движи во концентрични кругови.
Ја работевме три дена по 18 часа дневно и во изведбата учествуваа 24 луѓе, со тоа што имавме 4 луѓе постојано со нас.

DSC_0014

Во однос на материјалноста на инсталацијата изработивме железна конструкција од три челични концентрични кругови прикачени со јажиња за гелендерот и кровната конструкција на МКЦ, од кои висеа околу 900 конци со подна завршница од кристали на уреа и поливинил алкохол.

 

Ф.К

 

Автор на статија: