Спомен костурница Куманово
11.10.2019 • ХХ век / II половина
Година: 1957
Архитект: Коча Зордумис
Вајар: Сретен Стојановиќ
Извори: „Jugoslavija-spomenici revoluciji 1968“ , „Куманово у срце“ , Google maps, „Kumanovo News“
Локација
Сместена северно од централното подрачје на Куманово, на патот кон Крива Паланка, се наоѓа спомен костурницата посветена на борците кои животот го дадоа во народно ослободителната војна за Македонија.
Споменичниот комплекс претставува парковски дефинирана целина позиционирана на возвишение со добра ориентација од каде се отвора панорамски поглед кон градот.
Релјефни плочи
На највисоката точка се формира плато, кон кое се пристигнува по церемонијално скалиште. Централна положба ja има скулптурата на жена со високо подигнато класје и вертикалата која доминира зад неа. Во окружјето се наоѓа и криптата со посмртни останки на 300 загинати борци, спомен плочи, бисти на позначајните херои.
Централна фигура
Како и повеќето споменични целини со значење за овој историски период, и кумановската костурница долго време беше фрлена во заборав. Минатата година општината во соработка со локални донатори и Министерството за култура превземаа активности за нејзина реконструкција.
Разгледници
Автор на статија: Filip Koneski
11 Октомври / Костурница / Куманово / НОБ / НОВ / Ослободување на Македонија