Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје

Година: 1946

Автор: Љубомир Делчев

Локација: Градски парк во Скопје

Извор: Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950

 

Страната  „Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950“ објави интересни информации за споменикот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во Градскиот парк во Скопје. Според изнесеното, за лиењето на споменикот е употребена бронзата од стопените споменици – коњаниците  поставени од Кралството Југославија, кои стоеле до пред Втората Светска Војна, на двете страни од Камениот мост. Тие имале голема уметничка вредност и биле изработени од  страна на Антун Аугустинчиќ а поставени во 1937 година. Потоа истите за време на бугарското фашистичко владеење биле отстранети и однесени во Софија.

 

За вистинитоста на овие податоци не можеме да потврдиме, но отворањето на овие прашања во јавноста можеби и ќе го пронајдат својот пат до вистинските одговори преку дискусиите на социјалните мрежи. Во минатото  еден македонски археолог во едно интервју спомна дека овие споменици се фрлени на дното на Охридското Езеро, во контекст на прашањето за размена на археолошки и други вредни предмети помеѓу Македонија и Србија, т.е ние ним коњаниците, тие нам маската и наодите од Требениште.

 

Навраќајќи се на споменикот во градскиот парк,  на страната „ Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 “ е истакнато:

 

„Во Март 1946 година телото на Гоце Делчев заедно со голем дел од неговите писма патува од Софија во Скопје. Но покрај ова, Димитров дава наредба да се направи и подари на Македонија еден велелепен бронзен споменик на Делчев. Задачата за правење на спомениот на Делчев ја добил бугарскиот скулптор од македонско потекло Љубомир Далчев (1902 -2002).

 

 

Од уметничка гледна точка, Скулптурата на Делчев е врно уметничко дело. Љубомир Далчев ги топи коњаниците на Аугустинчиќ и со бронзата ја изработува скулпурата на Гоце Делчев . Едно врвно уметничко дело се трасформирало во друго врвно уметничко дело.

 

Љубомир Далчев е роден во на 27-12-1902 во Солун во семејство на Македонци од Кукуш. Бил дете на образовано семејство, татко му Христо бил правник, мајка му Викторија била од Прилеп , брат му Атанас бил поет а другиот брат Борис бил архитект. Љубомир Далчев во 1926 година дипломирал вајарство на Академијата во Софија ( кај проф Никола Маринов) а потоа го продолжува своето школување на Ликовните академии во Рим ( бил во исти клас со Алберто Џакомети и Сретен Стојановиќ) а потоа и во Париз (кај проф Анри Мез).“