Србија ќе биде домаќин на EXPO 2027
22.06.2023 • Од регионот
Порталот gradnja.rs ја пренесе веста дека Србија е избрана за домаќин на специјализираната меѓународна изложба EXPO 2027 на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби. Србија победи во сите четири круга на гласање на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби (БИЕ) во кое имаше најголем број гласови, а во последниот круг единствен противник бил Шпанија.
Ова е исклучителна можност за Србија и Белград бидејќи ЕКСПО 2027 всушност ќе биде едно големо игралиште за архитектите и за целиот градежен сектор. Србија била една од петте кандидати заедно со САД, Тајланд, Шпанија и Аргентина, а единствената земја од Југоисточна Европа која се пријавила да биде земја домаќин на оваа престижна изложба.
ЕКСПО 2027 во Белград ќе се одржи во периодот од 15 мај до 15 август 2027 година со тема „Игра за хуманоста: спорт и музика за сите“.
ЕКСПО 2027 ќе се одржи во областа Сурчин околу новиот Национален стадион.
Што точно е специјализираната изложба Експо?
Специјализираните изложби, официјално познати како „Меѓународно признати изложби“, се глобални настани дизајнирани да одговорат на предизвиците со кои се соочува човештвото.
Согласно статутот, изложбениот простор е целосно изграден од страна на Организаторот, а на учесниците им е обезбеден павилјонски простор, кој можат да го приспособат, внатре и надвор, во согласност со сопствената интерпретација на темата Експо.
За разлика од специјализираните изложби, светската изложба EXPO се одржува на секои пет години. Претходниот пат таа чест му припадна на Дубаи и првпат се одржa на Блискиот Исток.
Извор: gradnja.rs
Автор на статија: Filip Koneski