Станбено-деловен комплекс “Убавици”, Скопје /фотогалерија/
26.02.2024 • Фотографија ХХ век / II половина

Објект: Станбено-деловен комплекс ОПД-04, познат уште како станбени кули “Убавици”
Автор: Донка Петкова-Костиќ, Здравко Рафаиловски
Година на изведба : 1979-1982
Локација: ул. Никола Парапунов, Населба Карпош 4, Скопје
Фотографии: Борис Јурмовски /2024/
Станбено-деловниот комплекс “Убавици”, го сочинуваат три станбени кули, составено од два модела на станбени решенија со катност од Су+П+М+17+Пк, односно Су+П+М+15+Пк.
Поврзани во првите нивоа со простории со деловна намена, користејќи пешачки улици, скалишта и рампи, овозможува засебна урбана целина со посебни сегменти поврзани преку комуникации, притоа дозволувајќи слободно движење на деловните корисници и станарите.

Автор на статија: Boris Jurmovski
Д. Петкова-Костиќ / З.Рафаиловски / кули Убавици / Скопје / станбен-деловен комплекс