Фотографии на Архитектонски елементи – Александар Наумчески

Во просториите на Мобилно / Монтажната Галерија во градскиот парк во Скопје беше направена презентацијата на Архитектот/фотограф Александар Наумчески за креативниот процес на реализација на фотографии од архитектонски елементи.

Презентацијата беше поделена на два дела, во првиод дел беа прикажани фотографии кои се изработени од архитектонски објекти на кои архитектот Наумчевски налетува секојдневно или на неговите патувања, додека во вториот дел беа прикажани композиции од истите фотографии во форма на колажи и мултиплицирање, за да се добие еден поинаков за Наумчески “Имагинарен град”.

Овој проект Нумчески го работи веќе три години, но тука не застанува, напротив сака да го претвори во нешто многу повеќе од презентација на инстаграм, како што и самиот тој кажа.

Повеќе можете да видите на неговиот профил на инстаграм или facebook