Сегменти од стариот урбан слој на Струга /фотогалерија/

Во оваа фотогалерија фокусот го насочуваме кон оној дел од станбената архитектура на Струга која припаѓа на стариот урбан слој на градот кој сеуште не е значително изменет. Тука ги вклучуваме објектите кои не се реставрирани подолг период и сведочат за изгледот на градот во минатото, но и објектите кои се верно реконструирани.

 

 

Објекти од овој тип се наоѓаат во внатрешноста на градското ткиво, низ секундарната улична мрежа која се користи многу поретко отколку главните улични коридори, чаршијата или кејот на реката Дрим.

 

 

Фотогалеријата ја поставуваме со цел да се фрли светло кон овие скромни но значителни реализации кои се дел од македонското архитектонско наследство кое е во рапидна девалвација во овој град.

 

 

Како контраст на она малку што преостанало од овој тип на објекти, во Струга од година во година се заменуваат важни архитектонски објекти и градски целини со архитектура која можеме да ја категоризираме како ефтина, брза архитектура со мала вредност.