„Света Софија“ во германско списание за архитектура од 1921 година
10.08.2021 • Информации Литература
Автор на текст: Шмит Анаберг
Издавач: Dr. Albert Hofmann ( Cologne / Keln 1859 – Karlsruhe 1929)
Година: 1921
Извор: Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950
Страната Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година, повторно објави интересни пронајдоци врзани со архитектурата на почвата на Македонија.
Овој пат станува збор за објава на подетална историска и архитектонска анализа за катедралната црква „Св.Софија“ од Охрид. Превод на текстот не е објавен, но со оглед на периодот во кој е пишуван ( по поделбата на Македонија ), историските погледи е многу веројатно да се наклонети кон некоја од соседните пропаганди.
Секако нам не интересира делот со архитектурата и нејзиното документирање, каде можеме да ја забележиме сериозната разработка со прилог технички цртежи, анализи за начинот на ѕидање, како и прилог фотографии од ентериерот и екстериерот на Св. Софија што секако претставува исклучителен архивски материјал.
195 и 196 стр. од списанието
Во списанието на некои од страниците се забележува анализа и за Црквата Св. Климент, т.е Св. Богородица Перивлепта, како и за манастирот Трескавец во Прилеп. Веројатно истиот број третира повеќе црковни објекти од Македонија, вредни и значајни за историјата на архитектурата.
Автор на статија: Filip Koneski
1921 / deutsche bauzeitung / Dr. Albert Hofmann / Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 / германско списание за архитектура / германско списание за градежништво / Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година / Охрид / Света Софија / списание