Tрет TEDxSeptemvriskaSesijaSalon – „Скопје 2022….
09.04.2016 • Информации
Tрет TEDxSeptemvriskaSesijaSalon – „Скопје 2022: Урбано одржлив град – реалност или илузија? (“Skopje 2022: Sustainable City – Reality or illusion?”)
Што претставува поимот “урбан и одржлив град”? Дали тоа значи комплетна примена на технологиите во начинот на носење на одлуки во градовите за подобрување на своето општество и унапредување на одржливоста, економските можности и квалитетотот на живот на своите жители? Како да се справиме со проблемите во урбаните средини, со нивната комплексност и динамичност? Дали се согласувате со изјавата: „Градот не е проблем, градот е решение.“? Како би можеле да започнеме да ги градиме градовите на иднината? Градови кои не’ прават среќни и задоволни? Овие и серија други прашања ќе се обидеме да ги одговориме на третиот настан по ред од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани за оваа годинa.
На третиот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани за оваа година ја отвараме темата „Скопје 2022: Урбано одржлив град – реалност или илузија? (“Skopje 2022: Sustainable City – Reality or illusion?”). Целта на настанот е да се зборува за модели на одржливи градови и успешни примери на решавање на проблемите на градовите во светот и како истите би можеле да се преточат во нашето поднебје. Го отвара прашањето на вклучувањето на општеството и заедницата во процесот во изнаоѓање иновативни и креативни решенија кои би функционирале.
Третиот TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан ќе се оддржи на 13.04.2016 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации на ФИНКИ во Скопје. Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, локацијата и деталите може да најдете на нивниот официјален Facebook настан или пак Facebook страна – TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.
Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: http://goo.gl/forms/ZJc0IXzsV9
Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 25. Крајниот рок за аплицирање е 11.04.2016, 12:00 часот, пладне. Аплицирај на:http://goo.gl/forms/ZJc0IXzsV9
Facebook event: https://www.facebook.com/events/1828088834085264/ Капацитет: 25 учесници Краен рок за аплицирање: 11.04.2016, 12:00 часот, пладне.
Поддржувачи
ФИНКИ, Social Innovation Hub, Smart Up – Creating the geeks of tomorrow, Бизнис Академија Смилевски – БАС
Автор на статија: marh