“ТИГРИ„ – моќта на тимот, изложба посветена на авторите на МСУ

Во текот на месец декември, посетете ја изложбата Варшавските тигри, Моќта на тимот”, во Музејот на современа уметност во Скопје. Претставена е заедничката работа на трите полски архитекти: Kłyszewski, Mokrzyński и Wierzbicki, кои се авторите на објектот на МСУ (Музеј на современа уметност). Изложбата покажува девет проекти и објекти, со посебен фокус на Музејот на современа уметност како уметничко дело сам по себе, како и приказната за неговата реализација.

Во проектот и неговата реализација учествуваа: Амбасадата на Полска во Р.М,  Министерството за култура на Р.М, Министерството за култура и национално богатсво на Полска, град Скопје, Culture.pl , ZAIKS, Serious Interests Agency (SIA), итн.

Дизајнот на архитектонскиот дел од изложбата е на Даниел Серафимовски, додека графичкиот дизајн е на Нада Прља ( SIA)

10857911_338643329653068_1346147914018457993_n

 

tigrite(1)

 

 

10857867_339420956241972_3563730002891192611_n

фотографија Милан Џингов

 

muzej2

ms 1

ms 2

film-1

Во моментов полското студио PANATO снима документарен филм за Музејот на современа уметност, кој беше донација од Р. Полска (1966 год.) за Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година .

фотографијата е превземена од официјалната страна на амбасадата на Р. Полска во Р. Македонија

msu skopje

od-otvoranjeto-i-stalnata-postavka-vo-msu_07-620x330

Во прилог ви ја споделуваме и статијата на Okno.mk за јавната реч посветена на отварањето на овој објект од страна на Блаже Конески  http://okno.mk/node/29135

Автор на статија: