Типокалендар „Македонска архитектура“ / Стојанов
10.12.2024 • Уметност
Во денешната објава споделуваме типокалендар „Македонска архитектура“ изработен од страна на Трајче Стојанов, кој вели дека типографијата од секогаш била негов најголем предизвик.
Идејата е поврзана со теми од домашната архитектонска сцена, чии илустрации Трајче ги изработува преку употреба на одреден фонт, со кој смета дека може најсоодветно асоцијативно да ги претстави истите.
Како студент на архитектура со пасија за графички дизајн, Стојанов смета дека типокалендарот е совршена можност за спојување на двете креативни размислувања.
Во календарот можете да најдете 12 илустрации од 12 објекти, значајни за македонската архитектура. Една илустрација за секој месец.
„Оваа изработка сакам да не воведе во една ретроспектива на македонската архитектура, да ни биде потсетник и инспирација за нашата култура и традиција“ истакна Стојанов за МАРХ.
Автор на статија: Filip Koneski
Илустрација / Македонска архитектура / Типокалендар / Трајче Стојанов