Tипско затворено пливалиште, типска фискултурна сала / Волканов – конкурсно решение

I награда на конкурс и реализација 

 

Автори: д-р Михајло Волканов;

Соработници: арх. Гоце Аџи-Митрески; арх. Мирче Кокалески, арх. Доминика Бошкова, арх. Љубиша Ѓорѓевиќ, м-р. Симеон Танев, арх. Мирко Поповски.

Регулационен план: арх. Бранислав Ангелиќ; арх. Љупчо Павлов;

Година на проектирање: 1979

Година на изведување:  1981/83

Архитектонски Факултет – Скопје

Извор: I Биенале на Македонската Архитектура, 1981

 

Описот на проектот е во целост превземен од изворот:

Специфичен и оригинален пристап кон поставените задачи и барања на инвеститорот за максимална флексибилност, рационалност и архитектонско обликување, како и можност за вклопување во најразлични урбанистичко-архитектонски агломерации.

 

 

 

Предложените решенија не би требало да се сфатат како „типски објекти“ кои можат да се изведат 1, 2, 3 и повеќе пари (иако и тоа не е исклучено), но нешто пошироко. Тие претставуваат две од повеќето можни варијанти добиени со комбинирање на составните елементи на двата објекта. Овие елементи, претставуваат функционални, конструктивни и архитектонски единици од кои се составени затвореното пливалиште и фискултурната сала. Нивната големина, земена во почетокот како оптимална, може да варира во зависност од конкрените барања на програмата, која не мора да е стандардна за сите ситуации.  Меѓусебниот однос на компатибилните елементи може исто така да се менува, при што се добиваат многу варијантни решенија, како за одделните објекти посебно, така и за двата заедно.

 

Варијантните решенија придонесуваат за прилагодување на објектите кон најразлични ситуации во однос на конфигурацијата на теренот, ориентацијата, пристапите и другите фактори. Во истите решенија истовремено се задржуваат сите позитивни карактеристики на оптимална функција, архитектонско обликување и рационалност, за што придонесува и поволно одбраниот конструктивен модул.

 

 

По победата на конкурсот Волканов добива прилика да реализира три објекти:
– Затворен пливачки базен Чаир, 1981;
– Спортска сала Јане Сандански, 1982;
Спортска сала Расадник, 1983;

 

Основи и пресеци, спортска сала Расадник