„Тоблероне“ / Шеќерински

Автор: Ристо Шеќерински 1927-2016

Година: 1963

Локација:  ул. „Мије Ковачевиќ“, Белград

Фотографии: Борис Јурмовски  /2022/

 

Станбената кула  позната уште како „Тоблероне“ во Белград е дело на македонскиот архитект Ристо Шеќерински, изградена во 1963 година.  Инаку роден во 1927 година, а починал на 05.08.2016 година,  во Штудгарт, Германија. Дипломирал на Архитектонски Факултет во Белград 1951 год. кај проф.арх. Богдан Несторов. Прво вработување по дипломирањето е во компанијата “Проектант” во Скопје каде останал до 1956 година.  Следното место на делување му е во Нови Сад, а потоа и  Белград, каде работел како проектант до 1963 година. Од таа година се преселил во Швајцарија, а потоа и во Германија, каде останува до крајот на својот живот.

Во продолжение уживајте во фотогалеријата, додека за Шеќерински можете да се информирате повеќе тука >>>