Trasver: fragmentos / В. Фејза, Д. В. Варгас

Име на проектот/инсталацијата: Trasver: fragmentos (ES), Трансверзално: фрагменти

Автори: Валбона Фејза и Даниел Вера Варгас

Локација: Ѓирона, Каталуња, Шпанија

Фестивал: Art i Gavarres

Финансиран од: Xarxa Transversal & Art i Gavarres

Година: 2025

Фотографии: Anna Mas за фестивалот Art & Gavarres + други.

 

Македонската архитекта Валбона Фејза, заедно со својот коавтор Даниел Вера Варгас, го претставија својот нов проект „Trasver: fragmentos“ на фестивалот Art & Gavarres во Шпанија — платформа каде уметноста се интегрира со природниот пејзаж.

Инсталацијата трансформира петдесетина столбци во „огледала“ кои се одразуваат во околината, создавајќи динамична игра на светлина, перспектива и сенка — не како контраст, туку како дијалог помеѓу природното и вештачкото.

 

 

 

 

„Инсталацијата претставува игра на перспектива, светлина и сенка, маса и празнина, присуство и отсуство. Таа ja спојува архитектурата и уметноста, стремејќи се да создаде структура што делува жива, како самата природа. Секоја промена во положбата на сонцето и интензитетот на светлината создава нови слики – што одекнуваат со природните форми и бои, геометрии или сенки.

 

 

 

 

Посетителот е пречекан од trompe-l’œil „ѕид“ кој се претопува со пејзажот, поттикнувајќи ја неговата љубопитност да се движи и да се вклучи, и дополнително да го усогласи својот поглед за да открие променливи фигури во анаморфоза: круг, триаголник, квадрати и trompe-l’œil квадрат кој се отвора како прозорец или исечен волумен. Она што навистина е важно е искуството на посетителот: да стане поблагодарен кон пејзажот, посвесен за околината, за присуството и отсуството, и да се запраша дали овие геометрии го отелотворуваат вештачкото во природното, изграденото во пејзажот, или нешто сосема поинакво.“

Oд авторите

 

 

 

 

Проектот е резултат на целосна соработка меѓу авторите — од концепт до реализација in situ, во текот на работната недела на фестивалот. Тој продолжува нивниот успех од 10-тото издание на A Cel Obert во Тортоса, каде освоија главна награда, што им овозможи финансиска поддршка од Xarxa Transversal за учество на Art & Gavarres.

 

 

Видео од процесот на подготовка на инсталацијата / авотр: Quim Paredes Baulida

 

 

Фестивалот Art & Gavarres ги поврзува уметноста и природата, со цел да го нагласи значењето на заштитениот простор Гаварес — дел од неговата мисија е да го направи пејзажот посознат и да го промени нашиот поглед кон него.