Тремот на учителската школа во Скопје

Остатоците од влезната партија на Старата учителска школа во Скопје, се нем сведок за градот од XIX и првата половина на XX век. Некој по земјотресот, почувствувал импулс дека е вредно да се сочува спомен од тој објект, но некој друг со несоодветната организација на бараките на Општина Центар го заробил овој спомен. Малкумина скопјани знаат дека постои, но и тие не се во можност да го посетат веќе неколку години.

За овој простор, пред повеќе од декада се организираше конкурс за идејно решение за нов објект за општината, каде влезната партија требаше да биде инкомпорирана  во концептот, додека просторот пред објектот беше ослободен од бараките откривајќи го скриениот парк.

Ја започнуваме годинава, со апел за подигнување на свеста за градителското наследство во Македонија и негово соодветно урбанистичко третирање!

 

 

Фотографии: Филип Конески ( 2010)

Детално за објектот и неговата историја прочитајте во нашата претходна објава >>>