Урбанистичките настојувања / Пецовски

Четивото „Урбанистичките настојувања“  на архитектот и урбанист Душан Пецовски е дел од повеќе написи кои се вклучени во изданието посветено на изложбата „МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА“ која се оддржала во 1974та година, во Музејот на современа уметност, одбележувајќи 30 годишнина од ослободувањето и формирањето на македонската држава, а со тоа и 30 години современа македонска архитектура.