Византиското наследство на Скопје / Хаемус
03.07.2020 • VI-XV век Литература

Во издание на „Хаемус“ излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик. Книгата дава хронолошки преглед на средновековните цркви и манастири во скопскиот регион, групирани по географски целини: околу Водно, Матка и на Скопска Црна Гора.
Опфатени се информации за 14 позначајни објекти во однос на нивната архитектура и уметност кои се илустрирани со фотографии и скици, а сето тоа е придружено со мапа и начините како да се стигне до нив. Даден е и тродимензионален архитектонски пресек на византиска црква за полесно снаоѓање во просторот, речник на стручни термини, како и практични совети за посетителите.
Проектот е реализиран со кофинанскиска поддршка од Град Скопје. Книгата може да се набави во печатена форма во книжарниците, а достапна е и во електронска верзија.

Автор на статија: Filip Koneski
византиско наследство / Градителско наследство / манастири / околина / сакрална архитектура / скопско / Хаемус / цркви