ВТОРОНАГРАДЕН ТРУД ЗА КОНКУРСОТ „СКОПЈЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА“
19.11.2023 • XXI век Урбана опрема
Организатор: EUROPE HOUSE SKOPJE
Автори: Даниела Василева, Сара Велеска, Сара Трајкова
Наслов на проект: Reimagining Colorwaves (Преосмислување на брановите во боја)
Локација – Кеј „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската пумпа на „Макпетрол“)
Овој проект е изработен за конкурсот Скопје на новата генерација организиран од Европската Куќа во Скопје (добитник на втората награда ).
Авторско образложение:
Вгнездена помеѓу реката Вардар и административниот и културен фрагмент од центарот на градот, оваа локација е позната по своето административно и културно значење, поради легендарната зграда на МКЦ како симбол на културна и социјалната „виталност“ , која што сведочи на безброј настани и собири. Во денешно време, местото ја задржува својата мирна атмосфера и служи како врска помеѓу луѓето и нивниот работен простор и живее само во одреден период во текот на денот. Сепак, неговиот потенцијал како динамичен и просперитетен центар е опиплив поради блискоста со центарот на градот и неговиот прекрасен поглед од брегот на реката.
Во обид да се вдахне нов живот во овој динамичен урбан простор, предлагаме преобмислување со интервенција по должината на улицата покрај брегот на реката. Ова е интервенција што ќе го заштити нејзиното историско значење, а истовремено ќе навести нова ера на енергија и намена. Нашата визија е да се зајакне овој простор преку додавање појаси во боја што ќе ја симболизираат транзицијата од минатото кон иднината. Овие појаси во боја ќе бидат истакнати во улицата и беспрекорно ќе се интегрираат во околината.
Хоризонтално гледано, ја делиме улицата на две посебни зони, каде што секоја ќе има посебна намена, истовремено зачувувајќи ја суштината на културните и административните институции што го дефинираат просторот. Првиот дел од улицата, веднаш до зградата на МКЦ се замислува како динамичен простор за култура и дружење. Тука, уличниот пејзаж ќе биде дизајниран да ги привлекува луѓето и ќе овозможува интерактивна средина.
Оттука почнуваат трите појаси што се движат лонгитудинално на улицата. Еден од појасите се движи вертикално и формира различни простори за дружење и искусување на просторот. Дел од него се и клупите за седење, места за игра и качување, како и видиковец што нуди поглед кон реката и спротивната страна. Можно сценарио во овој дел е опцијата за улична уметност, мурали и уметнички инсталации, што оддаваат почит на богатата културна историја на просторот и поттикнуваат креативност.
Вториот дел од улицата, што ги сервисира корисниците на административните згради, ќе нуди соодветна атмосфера за работа и соработка. Овој сегмент ќе даде приоритет на функционалноста и ефикасноста преку работни зони дизајнирани за да ги задоволат потребите на административниот кадар, станици за кафе и киосци за потребите на луѓето кои работат тука.
Оваа интервенција има цел да создаде хармонична рамнотежа помеѓу културниот и административниот појас преку зголемување на привлечноста на овој урбан простор.
Автор на статија: Filip Koneski
Europe House Skopje / Даниела Василева / Кеј „Димитар Влахов“ / Сара Велеска / Сара Трајкова / Скопје на новата генерација