XXII Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025

Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2025 е двонеделна манифестација во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и ќе се одржи од 6ти до 20ти Октомври 2025 година во Музеј на современа уметност во Скопје и на други локации, дадени во програмата.

 

 

За првпат БИМАС е одржан во далечната 1981 година и претставува водечко случување во областа на архитектурата во нашата земја. Оваа година со XXII Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025 се одбележуваат 44 години од постоењето на оваа исклучително значајна манифестација.

 

 

БИМАС, како извонредна важна и популарна архитектонска манифестација – фестивал на архитектурата, собира голем број на архитекти и љубители на архитектурата од земјата и од странство и го насочува вниманието на јавноста на значењето и влијанието на архитектурата врз квалитетот на живеењето во современото општество.

Важна компонента на настанот се повеќе придружни случувања: изложби, конкурси, предавања, промоции, презентации, проекции на филмови и слично.

 

 

Во склоп на манифестацијата како многу значајна се истакнува и студентската изложба БИСТА 2025, која за прв пат ќе се одржи заедно и во ист простор со БИМАС 2025.

Биеналната изложба на македонските архитекти има и натпреварувачки карактер, каде се доделуваат повеќе награди, а најзначајна е „Гран При” наградата на БИМАС за реализиран архитектонски објект.

Овогодинешниот настан вклучува извонредна селекција на гости предавачи и внимателно курирана серија на изложби, кои ќе прикажат нови идеи и критички перспективи во архитектурата и дизајнот.

 

 

За сите детали за настанот следете ја нашата страна и официјалната страна на bimas