Замина во пепелта и последниот атрактивен примерок на скопската еклектика на Водно

Скопје…. не не оставаш ниту ден да бидеме мирни и да здивнеме! Нема недела за тебе, нема ниту одмор во сопственото итање кон бришењето на сите спомени од твоето минато. Секојдневно изненадуваш со непромислените удари на капитализмот овозможено од бледото набљудување на институциите, немањето почит за себе и критериум што е вредно да се сочува!

 

Локација >>>

 

Денес во Скопје се руши и последниот пример на семејна куќа од скопската еклектика на падините на Водно.  Позиционирана веднаш зад Основното училиште „Кочо Рацин“.

По рушењето на таканаречената зелена куќа во Црниче на големо разочарување на граѓаните, остана само овој пример  (многу веројатно и во цел град ) на индивидуален објект за семејно домување, кој аголот го решава со кула и купола. Куќа која требаше да ја забележи некоја мецена со поинаков вкус.

Фотографи од Google maps / street view

 

Да ја поседуваш и да одлучиш да ја срушиш е тажно, да си Општина и да направиш урбанистички план кој го дозволува тоа е необразованост,  да си Град Скопје и да не направиш евалуација на културното наследство е срам, да си Завод за заштита и да не ставиш пречка на патот кон ваквите дејствија е труло игнорирање и губење во пепелта.

Не го дочека ниту нашето објавување, кое стоеше на небројните списоци 🙁

Скопје, го губиш своето достоинство секојдневно!