Заштита од земјотреси / Кобурн и Спенс
12.09.2016 • Литература
Автори: Ендрју Кобурн и Робин Спенс
Година: 2002
Издавач за Македонија: АрсЛамина, 2009
Стручен соработник: Сергеј Чурилов
Книгата е дело на двајца автори кои низ сопственото искуство и соработката со повеќе стручни лица, се обидуваат да срочат упатство и стратегии со мерки за заштита од земјотреси.
Ендрју Кобурн е инженер-архитект и извршен директор на водечка светска компанија за осигурување „Решенија за справување со ризици“, додека Робин Спенсер е градежен инженер и вонреден професор на катедрата за архитектура на Универзитетот Кемриџ.
Во книгата четивата се поделени на 10 главни точки:
- Земјотреси, катастрофи и заштита;
- Чинење на земјотресите;
- Подготвеност за земјотресите;
- Вонредна состојба при земјотрес;
- Закрепнување од земјотреси;
- Стратегија за заштита од земјотреси;
- Избирање локација и вршење процена за сеизмичка опасност;
- Подобрување на отпорноста на земјотреси кај зградите;
- Моделирање на ризикот од земјотреси;
- Намалување на ризикот во практика.
Во нив има детализирање на насловите и разложување во подточки каде се влегува во суштината на материјата низ компаративни податоци од минатото.
Второто издание кое е преведено на македонски јазик е ревидирано и надополнето и нуди сеопфатен преглед на постапките за намалување на последиците од земјотресот врз луѓето и имотите и имплементирањето на најдобрите постапки за справување со овие катастрофи. Исто така, вклучен е и преглед на техники за изработување на модели за земјотресни катастрофи.
Секое поглавје се занимава со различни аспекти за заштита и покрива широк спектар на економски и социјални услови, потпирајќи се на значителното лично искуство на авторот, како и врз вистински случаи.
Начинот на менаџирањето на катастрофата пред нејзиното случување, подтготвеноста за интервенции од сите фактори во едно општество преку симплифицирање на постапките се сликовито прикажани во изданието.
Книгата е важно четиво за земјотресни инженери, градежни и архитектонски инженери, геолози како и осигурителни специјалисти и специјалисти за превенција од загуби, специјалисти за справување од ризици и проценители кои работат на справување со ризици од земјотрес, урбани и регионални планери и агенции за справување со вонредни состојби.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski