Завршена е конзервацијата, реставрацијата и санацијата на „Споменикот на слободата“ во Кочани
11.12.2024 • Информации

Денес имавме чест да бидеме сведоци на еден вонреден и пионерски зафат во Македонија, а тоа е да доживееме конзервација и реставрација со санација на едно исклучително архитектонско-уметничко спомен одбележје „Споменикот на слободата“ во Кочани.
Проектот започна уште во 2018та година, со помош на Американската Амбасада (амбасадорски фонд) и опфати интервенција на архитектурата и мозаиците на споменикот.
Фото: Сања Раѓеновиќ
Овој комплекс е дело на архитектот Радован Раѓеновиќ и уметникот Глигор Чемерски, проектиран меѓу 1975 -1977 година, додека свечено пуштен во 1981 година.
Фото: Сања Раѓеновиќ
Се надеваме и посакуваме овој проект да биде вовед во една серија на проекти кои ќе го заштитат модернистичкото монументално културно наследство на Македонија.
Фотогалерија : Министерство за култура
Сите наши објави поврзани со „Споменикот на слободата“ и најавите за неговата реставрација можете да ги најдете во продолжение:
Започна конзервацијата и реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани
Американската амбасада додели грант за реставрација на Споменикот на слободата во Кочани
Запознајте се со СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА преку лични доживувања

Автор на статија: Filip Koneski
Конзервација / Кочани / реставрација / санација / Споменик на слободата