Стара железничка станица-Скопје / Велимир Гавриловиќ 1931-40

Автор: Велимир Гавриловиќ

Конкурс: 1931

Изведба и пуштање во промет: 1937-40

Локација: централно Скопје

Извор: Македонски железници, Wikipedia, „Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни”, „Градителите во Македонија”, www.gettyimages.co.uk , facebook,  македонски форуми и портали

 

EjQP5n8

 

Денешната стара железничка станица во Скопје почнала да се гради во 1937 година. Пред тоа на ова место се наоѓала железничката станица која била изградена уште во 1873 година, кога и бил воведен железничкиот сообраќај во Македонија. За унапредување на железничкиот сообраќај, Банската управа решила да изгради нова железничка станица во Скопје. Камен-темелите биле поставени во 1937 година, а изградбата траела 3 години.

 

do-sl-3

 

Железничката станица била пуштена во работа во 1940 година и била најубава на Балканот во тоа време. Пред изградбата на оваа станица имало само една станица во Градско со подземни премини која по својата убавина се издвојувала од другите, но со новоизградената станица во Скопје ниедна друга не можела да конкурира. 

 

Основа на приземјe:

20150327_145139

 

Главен хол:

Ентериер хол- Стара железничка станица Скопје

 

Перон:

peron6dt

kolonada stara zeleznicka stnaica skopje_marh 1

 

Големиот станичен хол кој бил врска со главниот влез и излез, зафаќал простор од 1.000 метри квадратни. На првиот кат се наоѓал ресторан, а на вториот службени соби и хотел за железничките чиновници. Во крилата на зградата биле сместени канцелариите. На перонот, поплочен со најубави романски плочки, застанувале и продолжувале возовите кон Европа, а тука минувал и прочуениот “Ориент експрес”.

 

29zu07s

 

Во скопската Железничка станица, за 24 часа влегувале и од неа излегувале 24 возови. Просечно дневно пристигнувале 1.000 патници. Железничката станица, како главна сообраќајна установа на еден град, станала центар на изградбата на ново Скопје, во кое таа била столб околу кој се движел животот на градот.

 

Стара железничка станица Скопје 2

9GLSsCq

 

Околу нејзините стилски карактеристики и влијание, го приложуваме извадокот од книгата на почитувaниот професор Кокан Грчев, од книгата „Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни” :

 

20150728_142847

20150728_14290220150728_142918

 

Во земјотресот 1963 година, објектот е разрушен во централниот дел, по што се одлучува на нејзино делумно доурнување. Зачуваниот дел е претворен во Музеј на град Скопје, и до денес претставува симбол на старото Скопје.

 

166698466-earthquake-in-skopje-yugoslavia-république-gettyimages

166698489-earthquake-in-skopje-yugoslavia-république-gettyimages

Стара железничка станица Скопје по земјотресот

Album-1_Page_03-copy

10462722_498850486911605_5815666337755295626_n

OLYMPUS DIGITAL CAMERA