“Електро- Македонија” ( Охис, ЕСМ ) / Бранко Петричиќ 1962 год.

Објектот е проектиран од архитектот Бранко Петричиќ во 1961 година во интернационален стил ( изведен 1962 год.), освојувајќи го првото место на анонимен конкурс. Објектот за своето време е  врв во примена на материјали и примена на конструкции. За прв пат во Скопје се употребува обесената конструкција , како и принципот на целосна стаклена фасадна покривка.

ESM- Branko Petricikj SKopje

10920268133_55b5e9e582_b

ЕСМ зграда

За жал, денес објектот го доживува сопственото руинирање, под покровителство на државата. Овој објект го преживеа  скопскиот земјотрес, но нема да ја преживее наездата на „ бруталистичкиот барок”,  за кој Скопје веќе е на мапата на исмевање помеѓу професионалните кругови во светот.

ESM SE DEGRADIRA

Целата интервенција за да добие на тежина на сопствената глупост, е проектирана од Градежниот Факултет.  Се појави слика на социјалните мрежи,  која ја покажува таблата поставена пред градежната локација. Со кое право, Градежниот факултет проектира и со чие овластување, е уште едно болно прашање на скопската ситуација.

Gradezen proektant

Авторот на овој објект, по потекло е од Србија, роден во Плашки 1911 година, а дипломирал на Теничкиот Факултет во Белград. Исклучително битно е тоа што работел на проектот „План за Париз 37″ во бирото на Ле Корбизие во Париз. По завршувањето на втората светска војна работел како проектант во Сојузниот завод за проектирање во Белград. Во 1958 година се вработил во урбанистичкиот завод на градот. Починал 1984 година.

11454624043_82c5a859a0_b

 

Автор на статија: