Мост „Гоце Делчев” Скопје / 1973 год.

Година: 1973

Донација: Француска влада

Фирма и изведба: Пелагонија

Извор: Пелагонија, Скопје (30 години слободен развој)

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 21

автор Филип Конески_ Гоце Делчев со ПТТ

Најмодерното мостовско остварување на територија на Р. Македонија, од втората половина на XXвек. Мост изграден како донација од француската влада, за постземјотресната обнова на Скопје. Специфичен во своите архитектонско-градежни особености, одличен конструктивен достиг за своето време.

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 1

Композиција од две конструктивни посебности во форма на парцијално пресечени цилиндри , во кои се кријат напрегнатите сајли,  водоводните  и др.  инфраструктурни инсталации. Композициски врзан во четирите агли со партерното обликување и поврзување на високиот кеј со нискиот, преку волутни обликувања на скалишен простор.

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 5

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 14

Изградбата ја водела моќната ПЕЛАГОНИЈА, која успешно ја реализирала оваа задача.

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 7

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 6

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 4

На неговото свечено пуштање во употреба присуствувале политичките лидери на Југославија и СР. Македонија, како и делегацијата од ООН, под чија закрила беше финансирана обновата на градот.

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 10Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 9

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 12

Денес сеуште постои, меѓутоа разобличен по естетиката на оградата која не припаѓа на писмена архитектонска интервенција на вакво ремек-дело. Другата деградација се споменичните композиции на лав, кои се посебна приказна за себе.

Гоце Делчев Скопје_автор_ Quahadi Anto_11 04  2012автор на фотографија_ Quahadi Anto_11 04  2012

Меѓутоа неговата армирано-бетонска утроба е сеуште присутна, а можноста за неговото враќање во оригиналната форма и естетика сеуште лесно возможна.

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 11

Овој пример на успешна реализација,  прикажува одлична соработка помеѓу повеќе струки во секторот: конструктивци, градежници и архитекти, што е редок пример на современите суетни препукувања и искуства.

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 3

Мост Гоце Делчев-Скопје_МАРХ 13

 

Автор на статија: