Leave a comment...

„Палата на управата“, Скопје / Петар Муличкоски 1970

Автор : ПЕТАР МУЛИЧКОВСКИ

Година : 1970

Локација : СКОПЈЕ, „Илинденска“ б.б  кеј на р. Вардар

Извор : Библиотека на Архитектонски факултет, Скопје (Духот на македонската куќа, Петар Муличковски; Духот на македонската градба, Петар Муличковски) фото: Ф.К

1

Некогашниот креативен дух на македонските современи автори  е поврзан со инспирацијата од традицијата на македонското творештво во минатото преку имагинарна слика од просторна структурална композоција преобразена во современа композоција од кубусни, македонски куќи и цркви во градски амбиент – идентични по облик, но различни по големина и содржина.

Инспирацијата за овој објект се  црпи преку средновековните цркви во Македонија (Нерези, Старо Негоричани идр.) . Неговата просторна композиција беше раскошно развиена во повеќе димензии, како тродимензионална скулптура со мозаична фасадна пластика на сите пет страни.

2

Објектот се одликува со забележителен расчленет волумен по хоризонтален и вертикален план, преку ,коцкасти-идентични, објекти, но со различни височини. Меѓусебно поврзани со заеднички влезен хол во приземјето и со заеднички отворени галерии на кат преку кои внатрешноста култивирано и естетски се преточува од приземјето до катовите низ фунцкионалните ,коцки,.

P10105f70

Коцкастите објекти од композицијата на планот имаат забележителни испусти-козноли(еркери), а покривањето е преку четириводни кровни површини покриени со бакарен лим во комбинација со застаклени површини за зенитално осветлување на јадрото од секој објект.

P1010575

Во основа објектот е склоп од повеќе квадратни мултиплицирани – затворени дворови со надсветло со приземје и галерија – внатрешни чардаци со поместени скали аналогно на древната македонска куќа од антички период.

4

5

Изграден и свечено предаден во употреба во 1971 и промовиран како, извонредно дело на македонската архитектура, а од жири комисијата оценет како , извонредно функционално решение со беспрекорна хармонија во просторот каде динамичниот објект поставен на хоризонтално формирана платформа – плато ги решава основните главни функции на објектот : пешачките пристапи и колските пристапи,.

8s

Оваа расцутена композиција од шест кристали нудеше широка отвореност кон платформата и кејот на реката кои повикуваа на привлечност и беа меѓу главните адути во одлучувањето за реализацијата на објектот.

6

Овој објект беше најмногу вреднуван во современата македонска архитектура, и ги имаше добиено сите врвни изданија, признанија и награди за идејата, реализацијата и културно-уметничкиот придонес.

P1010589

Ова современо јато како композиција од група на ,македонски куќи, поставени на подигната платформа, беше новата македонска агора (храм, собиралиште). Чисто обликуваната морфолошка структура е произлезена од логиката на намената и фукцијата на поединечните работни единици, каде драматично се потенцира просторната расчленетост на структурата.

9

Изградена во совршена прецизна техничко-технолошка синтакса на градежниот материјал – натур бетон, обесена фасада во вид на ѕидна завеса од стакло и алуминиум и украсена со стаклен мозаик и симболичен орнамент како препознатлив белег на традицијата.

7

P1010573

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска

Share This:

Коментарите се затворени.