Градежни конструкции 1 / Софија Киселичка

Автор: Софија Киселичка

Година: 1974

Приложено реиздание: IV издание, „Просветно дело“ Скопје, 1991

Намена:  за градежните технички училишта

За сите што завршиле средно „ГУЦ“ овој наслов сигурно им е добро познат. Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ во минатото, за разлика од факултетите, можеше да се пофали со стручна литература на македонски јазик по повеќе предмети.

Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_1

Еден од тие наслови е „Градежни Конструкции 1“ од  дипл. инж. арх. Софија Киселичка, кој се изучуваше по предметот „Конструкции“. Во истиот се презентирани  рачно изработени  цртежи и теорија за основите во градежништвото, дефиниции и формули за пресметување, кои се од особено значење за архитектите. Оние кои учеле архитектура во средно училиште, знаат дека се она што се изучуваше во првата година на Архитектонскиот факултет, беше повторување и консолидирање на знаењето стекнато во„ГУЦ“.

Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_3

Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_4

Основните технички запознавања со претставувањето и перцепцијата на основите и пресеците, проекциите и перспективата, се дел од овој учебник. Особено значајно е општото запознавање со градежните материјали, што е сеуште рана за факултетите.

Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_5Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_2

Некои од приложените извадоци ја покажуваат одмереноста на информациите и поентирањето на она што е клучно за темата. Истата литература е одличен потсетник за оние кои се оддалечиле од струката.

Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_6

Изданието има и свое продолжение „Архитектонски конструкции“ 2, кое ќе биде предмет на некоја следна објава.

Gradezni konstrukcii 1_Sofija Kiselicka_7

Ф.К

Автор на статија: