„Градежни материјали“ / Група автори

За II година на градежните училишта

Автори: Тамара Теофиловска, Пенка Трајковска, Олгица Богатиновска, Сашка Масин

Издавач: Просветно Дело

Година: Скопје 1991

 

?

Овој учебник се стреми да го запознае читателот за значењето на градежните материјали во струката и нивна примена. Познавањето на оваа сфера е од суштинско значење, пред се за конструктивното решение, потоа за изолацијата на објектите и нивната естетика.

Македонското високо образование, во последните децении архитектонската струка ја сведуваат се повеќе на дизајн, отколку на инжењерство што претставува реален проблем во општествената примена.

Архитектонската професија е специфична и единствена во стремежот за баланс на активностите на двете мозочни хемисфери, преку обединување и разумен компромис на функција, економија, естетика, социјален аспект, историски контекст, пропорција итн.  Со избегнувањето на сериозното познавање на конструкциите и градежните материјали истата се одалечува од инжењерството.

Оваа сфера младите архитекти започнуваат сериозно да ја изучуваат откако ќе се вработат и соочат со сопственото недоволно познавање за практична примена на материјалите.

?

Тука е повторно и прашањето за стручната литература на македонски јазик, која сеуште недостасува кога станува збор за високото образование. Во повеќе наврати во оваа категорија, презентираме наслови наменети за стручното средно образование во архитектонско-градежната сфера, што е случај и овој пат.

„Во учебников се разгледуваат широк круг на прашања, кои се однесуваат за градежните материјали, нивната улога и местото во современото градежништво и архитектура. Значењето на овие прашања е поголемо, бидејќи пред архитектите, градежниците и работниците во индустријата на градежни материјали стои важна задача – да се зголеми квалитетот на градежништвото, експлоатационите и естетски квалитети на објектите, кои зависат од градежните материјали и производи. Меѓутоа, барањата кои се поставуваат кон експлоатационите и естетски квалитети на објектите се со неопходност да се определи патот кон нивната правилна примена во објекти со различна намена.“

?

 

Во учебникот ќе најдете основни информации за хемиските, физичките и механичките својства на градежните материјали. Потребата од нивното испитување и правилна примена. Тука е и изборот на градежните материјали на кои се дава акцент: керамички материјали, бетон и специјални бетони, стакло, дрво, хидроизолациони материјали, метали и легури, челик, бои и лакови итн.

?

Дали учебникот се уште се користи во образованието и дали истиот можете да го најдете во „Просветно дело“ немаме информација. Но доколку сте заинтересирани да стигнете до истиот, побарајте колега кој завршил во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ 🙂

?

?

Ф.К

 

Автор на статија: