Граѓанска иницијатива за зачувување на салата “Партизан” во Карпош
22.07.2017 • Информации Став
На социјалната мрежа facebook, се појави иницијатива насловена како “НЕКА ПОБЕДИ ПАРТИЗАН”, започната од Анте Поповски.
Во истата се забележува на запуштената состојба на објектот, на кој се искршени прозорците, демолирани вратите, уништен паркетот.
Иницијативата повикува на мирен собир на 27.07.2017, од 18-21:00 часот со цел да се покаже граѓански став пред надлежните и популаризирање на истата.
Салата денес позната како “Наум Наумовски -Борче” е изградена 1969 година, како донација од француската влада во поатземјотресната обнова на Скопје.
Дознајте повеќе за настанот >>>
Автор на статија: marh