Доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ – 1 новември 2017 МСУ
31.10.2017 • Информации

Почитувани колеги,
Асоцијација на архитекти на Македонија ја има таа чест да Ве покани на свечено доделување на наградата “Андреја Дамјанов” за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 год.
Манифестацијата ќе се одржи во Музеј на современа уметност – Скопје
на 01.11.2017 год. среда во 20ч.
Петчлената комисија во состав: Радован Раѓеновиќ, д.и.а.(претседател), д-р проф.Михаил Токарев д.и.а., д-р проф.Елизабета Касапова, д.и.а., Мишо Арсов, д.и.а. и Иван Арсовски, д.и.а., одлучи наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2017 година да ја додели на архитект Билјана Филиповска.
Особена чест ќе ни биде и Вие ако присуствувате на овој свечен настан кој се одржува во континуитет 28 години наназад.
20:00
Поздравен говор на г-дин Мартин Пановски, претседател на ААМ
Поздравен говор на г-дин Трифун Костовски, почесен член на Академијата на архитекти на ААМ
Поздравен говор на ѓ-ѓа Мира Гаќина, директор на Музеј на современа уметност
Обраќање на претседателот на жири комисијата г-дин Радован Раѓеновиќ, член на Академијата на архитекти на ААМ
Обраќање на добитникот на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2017 година ѓ-ѓа Билјана Филиповска
20:40
Изложба
Коктел
Претседател на УО на ААМ
Мартин Пановски, диа

Автор на статија: marh
2017 / Асоцијација на архитекти на Македонија / Билјана Филиповска / награда Андреја Дамјанов / Награда за архитектура