Државната награда за архитектура доделена на „Радо инженеринг“
27.12.2014 • Информации
Државната награда за архитектура се доделува по 38ми пат. Под покровителство на претседателот, на пригодна свеченост во Музејот на Град Скопје вчера вечер, во 19:00 часот беше врачена на „Радо инженеринг“ , за делото Спортски центар “Јане Сандански”. Одговорни проектанти се Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ.
– Архитектот создава дела од човекот за човекот, за сегашните, но и за наредните генерации. Оттука, архитектот е создавач и уметник, а неговата дејност е меѓу најважните во животот на луѓето и во развојот на општеството. Архитектот го замислува и го оформува просторот и амбиентот во кој секојдневно живееме, престојуваме и дејствуваме.
Ѓорге Иванов
претседател на Р. Македонија
Автор на статија: marh