Ентериер на стан ОН1 / Поповска
21.09.2016 • Ентериер и мебел
Локација: Скопје
Година на проектирање: 2014
Година на изведба: 2014/2015
Автор: Маргарита Поповска
Фотографии: Васе Аманито Петровски
Контакт: popovska.margarita@gmail.com
Станот се наоѓа во ‘Професорската зграда’, која е заштитена како архитектонски споменик од Модерната, и која поседува силни карактеристики од функционален и обликовен аспект.
Во таа смисла направено е минимално репроектирање во однос на организацијата, според потребите што ги наложува современото живеење, а тоа подразбира комплетно отворање на просторот за дневен престој, односно спојување на дневната соба, трпезаријата, кујната и оставата во единствен простор, и пристапување кон истиот од еден влез, како и инкорпорирање на ‘невидливо’ утилити во аголот на кујната, но со пристап од ходникот.
Големите прозорски отвори, ситноребрестата конструкција (оставена видлива во кујната), висината од 3м, и некои естетски елементи како фиксниот стаклен портал меѓу ходникот и трпезаријата (сега преработен во современ манир), беа инспирација за обликувањето односно изборот на стилот, материјали и производи.
Подовите се она што во голема мера го дефинира овој ентериер. Допирот меѓу рачно изработениот паркет во француски стил со мозаик плочките и подот од смола во боја во бањата, преминот на паркетот од трпезаријата кон кујната, се само дел од деталите…
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski