Иницијатива „Го сакам Аеродром“
22.03.2016 • Информации Урбанизам

На социјалната мрежа Facebook, деновиве се актуелизира уште еден предлог ДУП. Истиот е актуелизиран од страна на заедницата насловена како „Го сакам Аеродром“ , која се декларира против новите интервенции и површини за градба на нови објекти врз постоечките зелени појаси во општината.
Она за кое најмногу се зборува во оваа заедница, е предложениот подземен паркинг, предвиден позади „Мајчин Дом“, со што граѓаните сметаат дека ќе се деградира хоризонталното зеленило и ќе се отвори пат кон негово исчезнување.
Друга тема која е актуелизирана е сечата и на вертикалното зеленило, во дворот на до скоро објектот на општината, кој меѓувремено е срушен.
Повеќе околу ставовите на заедницата и нивната граѓанска иницијатива можете да следите на посочената социјална мрежа.

Автор на статија: marh