Интернационална тренинг програма преку пристапот SymbioCity

Отворен е новиот  круг на меѓународната програма за обука: Овозможување на локална демократија и инклузивен урбан развој преку пристапот SymbioCity, 2016 – 2018

Програмата е наменета за следните земји: Македонија, Србија, Турција и Украина.

Оваа напредна меѓународна обука се развива и спроведува во тесна соработка помеѓу ICLD и SKL International. Таа е наменета за професионалците од сферата на  урбаниот развој и менаџери во соработка со локалните или регионалните власти вклучени во планирање, развој и  управување на урбаните средини. Програмата за обука се базира на SymbioCity и како пристап и методологија е посветен на  одржлив и инклузивен урбан развој.

Пристапот SymbioCity се карактеризира со учество на заедницата и вклучување на засегнатите страни  со цел  иновативни решенија за урбаните предизвици. Обуката е поддржана од страна на иновативни примери и искуства од Шведска и светот.

Професионалците од Македонија, Србија, Турција и Украина се поттикнуваат да аплицираат со користење на онлајн формуларот. Учесниците ќе бидат избрани во тимови од по 2-3 лица од град или регион.

Обуката се состои од пет фази:
1. Почетната работилницата ќе се одржи во Македонија од 5-ти- 9-ти декември 2016;
2. Регионалната работилница ќе се одржи во Украина во април 2017 година;
3. Шведската oбука – септември 2017 година;
4. Национални работилници – кон крајот на 2017 или почетокот на 2018 година;
5. Завршна работилница – јуни 2018 година.

Крајниот рок за пријавување  е 14-ти октомври 2016


За подетални информации посетете го изворот >>>

Ф.К

Автор на статија: