Конкурс за идејно решение за коритото на кочанска река
15.12.2015 • Конкурси
Извор: Биро за јавни набавки
Изработка на идејно-архитектонско решение на коритото на кочанска река во централното градско подрачје во Кочани |
Конкурсот е јавен и анонимен . Право на учество имаат домашни и странски правни лица, регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти на архитектура. Доказ: за правните лица – документ за регистрирана дејност – за вршење на дејноста поврзана со предметот на конкурсот или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран; за физичките лица: – Дипломирани инженери архитекти: диплома за завршен архитектонски факултет; – Студенти по архитектура: потврда од архитектонски факултетот за редовен/вонреден студент
Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
• Изводливост и одржливост
• Оригиналност и репрезентативност на концептот
• Креативност и инвентивност во пристапот на обликување
• Современ третман на просторот
• Читливост на идејата на проектот
• Економичност на решението
• Врска на предложеното решение со окружувањето
• Задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање и урбанистичко планирање
Лице за контакт: Силвана Благонова Адреса на е-пошта: sblagonova@kocani.gov.mk Телефон/Факс: 033-274-001/033-273-542
Награди:
– прва награда – 62.000,00 денари ;
– втора награда – 37.000,00 денари ;
– трета награда – 25.000,00 денари ;
|
|||||||||
|
Автор на статија: marh