Крсто Тодоровски 1930 / 2016
19.07.2016 • Автори
Крсто Тодоровски, Роден на 08.08.1930 г. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949г., а дипломирал во 1956 г.
По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје којшто подоцна се трансформирал во „Македонија Проект“ и тука останал се до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990 г. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.
Награди и признанија:
-1964 Орден на трудот;
-2012 Награда за животно дело „Андреја Дамјанов“.
Позначајни реализирани дела:
-1967 и 1969 Поштите во Делчево и Свети Николе;
-1969 Бањите и хотелот Бањиште, Дебар;
-1972 Републичкиот хидрометеоролошки завод во Скопје;
@Борис Јурмовски
-1977 Станбените објекти на „Електродистрибуција“ во Кичево;
-1978 Мотел во Крива Паланка;
-1981 Градска Порта во Гостивар;
-1982 Судскиот објект во Берово;
-1981 и 1982 Хотелите на „Макпетрол“ во Маврово и Берово;
-1983 и 1986 Филијали на „Стопанска Банка“ во Маврови Анови и Велес;
-1984 и 1986 Банките во Берово и Кичево;
-1986 Градската порта во Неготино;
-1995 Станбена зграда ( П+4+По) во Берово;
-1999 Станбениот објект ( П+6+По) во населбата „Вардарче“ во Скопје;
-1967, 1969, 1977, 1984 Пензионерските домови во Кичево, Берово, Крива Паланка и Велес.
Извор: „25 години – награда за животно дело Андреја Дамјанов“ ААМ
Насловно фото – Колаж од фотографии ( @tirekovmirece.com + фото на Боро Гаџовски )
Ф.К
Автор на статија: marh